СДСМ: На 5-ти мај граѓаните ќе гласаат да ја запечатат европската иднина!

На 5-ти мај граѓаните расчистуваат со ВМРО-ДПМНЕ. На 5-ти мај, граѓаните ќе гласаат за вистинска правда, а не партиски привилегии. На 5-ти мај да гласаме масовно и одлучно, еднаш и засекогаш да ја запечатиме нашата европска иднина, изјавија од СДСМ Прилеп во денешната реакција на пресот од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„На 5-ти мај граѓаните расчистуваат со ВМРО-ДПМНЕ – криминалното и злосторничко здружение кое е се’ уште координирано од задграничниот комитет во Будимпешта.

 

Партијата со криминална матрица предводена од Мицкоски – послушникот на бегалецот Груевски, завршува во темната страна на македонската политичка историја.

 

Граѓаните се свесни дека гласот за транзициската профитерка Гордана Сиљановска, е глас за хидроцентралите на Христијан Мицкоски и глас за заштита на криминалот на Груевски.

 

Затоа прилепчани, како и граѓаните ширум нашата држава, масовно го отфрлаат концептот на поделби и конфликти, што овие двајца гласноговорници и заштитници на Груевски,  го пласираат пред македонската јавност.

 

Граѓаните на Прилеп не ги забораваат „хилтите“ на Марјан Ристески, ниту пустошот во старата чаршија, затворените дуќани со катанци и жолти траки од нарачаните инспекции во времето кога Ристески и Груевски беа власт во градот и државата.

 

Не ја забораваат ниту состојбата со градските улици,  кои беа руинирани со ударни дупки по кои граѓаните возеа “слалом“, а кои сега забрзано се реконструираат од новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски.

 

Прилепчани паметат како Јавните претпријатија во градот беа злоупотребувани во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, како се трошеа парите од граѓаните по луксузни ручеци во елитни ресторани.

 

Граѓаните знаат за катастрофалната состојба во која го остави Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ екс директорката и советничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска Локвенец.

 

Прилепчани никогаш повеќе нема да ја дадат поддршката на лажниот патриот и нафатиран пратеник со куќи и станови Димитар Стевананџија. Ниту на пратеничката  Ана Лашкоска и нејзиниот непотизам, ниту на координаторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој ја уназади прилепската болница и ја наполни со партиски кадри.

 

Граѓаните на Прилеп чекаат правда и разврска на серијата кривични пријави во Основното јавно обвинителство за функционерите од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прилепчани, на 5-ти мај ќе гласаат за европски Претседател и концептот за заедништво и напредок.

 

На 5-ти мај, граѓаните ќе гласаат за вистинска правда, а не партиски привилегии. За развој и напредок, за обединета и сигурна држава, за повеќе перспективи за нашите млади дома.

 

На 5-ти мај да гласаме масовно и одлучно, еднаш и засекогаш да ја запечатиме нашата европска иднина“, изјавија од СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien