ВИДЕО-Ристески : Прилепчани не потклекнаа на заканите, уцените и поткупот, со 1.600 гласа разлика порачаа дека не се согласуваат со Заев

Прилеп вчера покажа дека е на страната на правото и правдата. Прилепчани покажаа дека љубовта кон Македонија им е преголема и неподлегнаа под сите закани, притисоци, уцени, како и поткупот кој се вршеше во нашиот град. Прилепчани ја донесоа победата за ВМРО-ДПМНЕ во градот херој со 1.600 гласа разлика. Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со ова прилепчани испратија јасна порака дека не се согласуваат со погубните политики на Зоран Заев и најнеспособната власт во Македонија која освен пустош, продажва на името, идентитето, мизерна економија, катастрофално здравство, образование, непотизам, повисоки сметки за 60% за вода во Прилеп, криминал на секој чекор, не понуди ама баш ништо друго.

 

Во текот на вчерашниот ден имавме изборен процес на кој беа забележани низа нерегуларности. Не помогнаа ниту заканите на партиски функционери од редот на СДС кон нивните вработени, не помогнаа ниту уцените, ниту лажните ветувања за вработувања, не помогна ниту поткупот на гласачи во населбата Тризла, за кој неколку пати алармираа набљудувачите во ова место за што беше известена полицијата во Прилеп, во Скопје и претставниции на мисијата на ОБСЕ.

 

Потсетуваме дека поткупот при избори и гласање е кривично дело регулирано во член 162 од кривичниот законик и за истото е предвидено казна затвор од најмалку 5 години.

 

Го повикуваме ОЈО во Прилеп по допрен глас да поведе постапка со цел да утврди кривична одговорност кај можните сторители на ова дело. За ваквото против законско однесување од страна на одредени поединци мора да има и ќе има одговорност.

 

Сакам да изразам огромна благодарност до сите граѓани на Прилеп, Македонци, Роми, Турци кои не поклекнаа вчера пред валканите игри и останаа свои на своето. Достојни, горди и храбри давајќи го својот глас за право и правда, за честита Македонија. Ви благодарам од се срце.

 

Она што сакам да го порачам е дека продолжуваме сите заедно спролетени до конечен пад на оваа ненарадна власт. Само така Македонија ќе продолжи да чекори напред“, истакна Ристески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи