Транспаренти на УЧК и карта на Голема Албанија на чело на протестот за Диво Насеље

На скопскиот плоштат „Скендерберг“ денеска напладне почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље. На протестот имаше неколку стотина граѓани, дел од нив во крвна врска со затворениците.

 

Протестот беше во организација на фамилии на затворениците кои добијаа долги казни затвор, а некои и доживотни, за повеќе случаи, не само за „Диво насеље“.

 

Зад фамилиите стоело и Здружението на албански политички затвореници во Македонија.

 

Граѓаните кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир, но и транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“. На големиот транспарент со таканаречената голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара слобода.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien