Во вторник започнува новото пресметување на цената на горивата – секоја бензинска пумпа ќе формира сопствени цени

Од вторник започнува новото пресметување на цената на горивата, односно наместо Регулаторна комисија, сега секоја бензиска пумпа ќе може да формира сопствени цени на горивата кои ги продава. До тогаш важи старата цена која регулаторна  ја објави  на 30 минатиот  месец.

 

Од Регулаторната комисија за енергетика смируваат, оти како што велат, добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

 

Во моментов има над 50 лиценцирани компании во овој бизнис. Сепак од министерството за економија соопштија дека во иднина ќе има построги критериуми кои ќе треба да ги исполнат компаниите кои ќе сакаат да тргуваат со нафта. Се подготвува нов правилник , кој се чекува да  биде готов до средината на јуни.

 

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien