Пензија, канцеларија, возач и обезбедување – ова се барањата на Иванов

Претседателска пензија од стотина илјади денари месечно, канцелариски простор, службено возило, личен возач и обезбедување се бенефициите со кои претседателот во заминување Ѓорге Иванов ќе располага до крајот на животот, по истекот на неговиот мандат в недела на 12ти мај.

 

Иванов до службата за општи и заеднички работи доставил барање за изнајмување на кабинет, а добил позитивен одговор. Буџетот за канцеларијата, во која ќе може да вработи и тројца советници по негов избор, изнесува 8 проценти од годишниот буџет на претседателскиот кабинет.

 

Ѓорге Иванов имаше два мандати како претседател, а ќе го замени Стево Пендаровски. Официјалното примопредавање на претседателската функција ќе се случи во претседателската резиденција, каде на кратка церемонија Иванов ќе му ја предаде должноста на Пендаровски. Од тој момент, практично, ќе започне да тече петгодишниот претседателски мандат на Стево Пендаровски.

 

Инаку овие бенефиции веќе десет години ги користи и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien