Двајца повредени при расправија во Прилеп – имало и пукање од огнено оружје

Околу 03.00 часот утрово во полиција било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле  затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите.

 

Тие биле пренесени во Градската болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien