Општина Прилеп : „The Gallery House Pub“ ја нема платено комуналната такса за користење на јавна површина за 2018 и 2019 година

Општина Прилеп најостро ги отфрла обвинувањата од страна на лицето Бисерко Тркља кој не е сопственик ни управител на фирмата Нов Феникс Дабал 1 (подружница), за која што денес излезе со реакција во јавните медиуми. Истакнаа во денешната писмена реакција од Општина Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на Бисерко Тркља дека Општината без налог му ги зела целиот инвентар од угостителскиот објект.

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Како општина, ве информираме дека објектот кој се наоѓа на посочената адреса ги нема подмирено обврските по основ на комунална такса за користење на јавна површина пред деловен објект за поставување на урбана опрема за тековната 2019 година. Поточно до 10.05.2019 година до Општина Прилеп нема поднесено ниту барање за добивање на одобрение.

 

На истата адреса правниот субјект за тековната 2018 година ги нема намирено обврските по истиот основ за што е поднесена прекршочна пријава до Основен суд – Прилеп.

 

Општина Прилеп работи согласно позитивните законски прописи“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи