Состанок на Општинскиот кризен штаб

Општинскиот кризен штаб презема превентивни мерки за заштита на имотите на граѓаните на општина Прилеп

 

На иницијатива на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, Општинскиот кризен штаб вчера одржа состанок на кој се разговараше за преземање превентивни мерки за спречување на евентуалните штети предизвикани од најавеното невреме кое се очекува да ја зафати нашата држава.

 

Членовите на Општинскиот кризен штаб разговараа за подигање на готовноста на расположливите ресурси, преземање конкретни мерки за превенирање на штети од поголеми размери, а излегоа и со препораки до граѓаните со цел полесно и поефикасно справување со последиците на поројните дождови.

 

За таа цел, Општинскиот кризен штаб апелира до граѓаните на општина Прилеп во случај на поројни дождови, да не ги паркираат своите возила под дрвја и над водоводните и канализационите шахти.

 

Истовремено, од Општинскиот кризен штаб ги информираат граѓаните случаите на поплавување на подрумите и домовите, или појавите на други опасности предизвикани од временските услови, да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи