Апелација даде зелено светло – укината забраната за продажба на книгата на Стојан Андов

Facebook
Twitter
Email
Print

Апелациониот суд Скопје ја укина забраната за продажба на книгата „До атентатот и по него“, чиј автор е Стојан Андов, поранешниот претседател на Собранието и истата отсега ќе може да се продава во книжарниците низ земјава. Со ова се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана на книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски.

 

Апелациониот суд ја прифатил жалбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, според кого решението на првостепениот суд да ја забрани книгата претставува прејудицирање на пресудата.

 

Поранешниот министер за внатрешни рабти, Фрчковски го тужеше Стојан Андов поради повреда на личните права, односно поради тоа што книгата „До атентатот и по него“ изобилувала со содржина преполна со „клеветнички факти“, а кои се поврзани со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.

 

Самата идеја за забрана на книга од ваков карактер која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја е лош потег, рече тогаш авторот Стојан Андов кој најави дека ќе ги искористи сите правни средства за да се укине одлуката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи