Вечерва во Прилеп започнува 14 – тото издание на Фестивалот на новиот германски филм

Од 16  до  18 мај  2019 во кино Мис Стон при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи  14 – то издание на Фестивалот на новиот германски филм. Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и кратки филмови  е изборот за годинашниот Фестивал, што ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија.

 

Отворањето на фестивалот ќе биде вечерва во 20.00 часот со извонредниот филм комедија „100 работи” во режија на Флориан Давид Фиц.

 

Наредните два дена , во петок и во сабота ќе  се прикажат три детски филмови, три играни и ќе има проекција на кратки филмови.

 

„Филмовите се грижливо избрани  со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од филмовите беше и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижното Берлинале“, велат  од Германската амбасада.

 

 

 

РАСПОРЕД НА ФИЛМОВИ

 

 

16.05.2019 – 20.00 ЧАСОТ (ЧЕТВРТОК)

 

 

  • „100 нешта“ /комедија

отворање на Фестивалот

 

 

 

 

17.05.2019 (ПЕТОК)

 

 

  • 00 часот – „Тоби и тајната на нашата планета„ / филм за деца

 

  • 00 часот – „Тим Талер или Продадената смеа“/ семеен/ драма/филм за деца

 

  • 00 часот – „ Во време на намалена светлина“/ драма, комедија

 

  • 00 часот – „Патување во Ерусалим“/драма

 

 

18.05.2019 (САБОТА)

 

 

  • 00 часот – „ Помош, ги смалив моите родители“/ филм за деца

 

  • 00 часот – „Пакет кратки филмови“

 

  • 00 часот – „ Крајот на вистината“ / тилер/драма

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien