ВИДЕО – Во сабота сите музеи во Прилеп ќе бидат отворени бесплатно од 18.00 до 06.00 часот

По повод Денот на музеите 18 мај, во сабота сите музеи во Прилеп ќе бидат отворени од 18.00 до 06.00 часот. Денот на музеите почнува да се слави од 1977 година, на иницијатива на Меѓународниот совет на музеи, формиран 1946 година.

 

 

„Ние почнавме вакви активности организирано од ланска година, во врска со прославата на овој ден, така да и оваа година активностите ни се проширени и интенцијата ни е нашата култура, наследство, да е подостапно за пошироката јавност, од најмлади до најстари. Ние со нашите активности се вклучуваме и во манифестацијата Европските ноќи на музеите, значи дека ние во сабота вечер, на самиот ден на прославата, ги отвораме сите стални поставки со слободен влез, од 18 часот до 6 часот наутро, значи може нашите граѓани слободно да ги посетат поставките и да се запознаат со културното наследство“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

 

Атанасоски истакна дека тие како институција сакале да бидат отворени колку што може повеќе за да културното наследство стане подостапно за граѓаните.

 

„Испратени се покани и до сите училишта и институции во градов, за да ги информираме за оваа активност, за сталните поставки кои ќе бидат отворени. Граѓаните на тој ден можат да го видат сето наше културно богатство. Верувам дека многу голем дел од граѓаните не се запознати со какво богатство располагаме тука, од археологија, историја на уметност, етнологија итн“, додаде Атанасоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien