Македонија го доби својот нов супер херој, Васил Јанкула пристигна во Ресен поминувајќи над 900 км. за 7 дена и докажа дека „Сите сме исти“

Facebook
Twitter
Email
Print

Васил Јанкула попладнево околу 18.00 часот пристигна во својот град Ресен и го заврши својот огромен подвиг поминувајќи над 900 км. со својот трицикл околу цела Западна Македонија за само 7 дена. Тој ги помина градовите, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица денеска се врати дома. Со него за целото време беа неговиот тренер Тони Ангеловски, кој исто така возеше велосипед, како и неговиот брат Иле Јанкуловски и другарот Никола Кузманоски кои ги пратеа со возило.

 

Во Ресен беше дочекан од голем број свои сограѓани и од градоначалникот кои му организираа свечен пречек.

 

„Преспанскиот херој“, кој е лице со церебрална парализа, докажа дека навистина „Сите сме исти“ и дека лицата со хендикеп често пати можат да направат многу поголеми дела и од другите лица во општеството.

 

Екипата на Инфо Компас, која објавуваше информации за Васил од почетокот на неговиот подвиг, му го честита овој огромен успех !!!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи