ВИДЕО – Музеите во Прилеп не се соодветно обележани, нема патокази до нив, дел од граѓаните не знаат ниту дека постојат, а туристите нема од каде да купат мапи и каталози

Иако Прилеп ги поседува едни од најрепрезентативните музеи, сепак тие скоро воопшто и да не се посетуваат, а голем број граѓани не знааат ниту дека тие постојат. Музеите никако не се обележани, нема патокази, а да не разговараме за современи интернет страници. Во Прилеп нема Инфо центар каде некој странски турист може да се информира што може да посети, никаде не може да се набават ниту каталози и мапи. За овој проблем посочуваат и туристичките водичи.

 

 

„Музеите не работат во сабота и во недела, освен тоа и во работните денови се често  пати затворени, така што кажав, треба да се повикаат кустосите претходно, да се направи најава, да се види, да се влезе во тие простории“, Емил Бибиќ, лиценциран туристички водич.

 

Александар Цветкоски, кустос во најпосетуваниот музеј во Прилеп, Музејот за тутун, кој е втор по вредност ваков музеј во светот, вели дека за жал кај нас нема функционална стартегија за развој на туризмот.

 

„И Музејот за тутун беше многу посетен кога влезе во двата големи водичи, во (че си ги слушниш убо ти водичиве, да не ја утниме ), кога влезе во тие водичи луѓето едноставно идеа со книжето во раката и го бараа Музејот за тутун. Веќе не сме во тие водичи и нормално дека посетеноста е опадната“, истакна Александар Цветкоски, кустос во музејот за тутун.

 

За развој на туризмот потребна била поголема инволвираност и на бизнис секторот која за жал кај нас ја немало.

 

„Ние имаме многу поставки, немаме каде да им продадеме каталог, немаме каде да им продадеме сувенири, во светот луѓето не земаат од влезници толку пари, колку што земаат од тие колатерални понуди или услуги кои ги имаат таму. И треба да се сфати, туризмот треба да го води бизнис секторот, а не државата“, додаде Цветкоски.

 

Од Музејот велат дека веќе било разговарано со општината за правење на каталози и брошури за прилепските музеи.

 

„Градоначалникот и локалната самоуправа се расположени да партиципираат со средства. Од наша страна ние да изготвиме стручни информации, се што треба околу мапи, патокази за нашите културни споменици“, рече Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

 

Од Општината пак без конкретен проект за подостапни музеи и Инфо Биро. Истакнаа дека во овој момент се работело на други проекти за развој на туризмот, како уредувањето на Марковите Кули и вештачкото езеро.

 

„Во рамки на проектот за Маркови кули ќе биде поставена информативна точка, каде ќе има содржини за културните и за природните знаменитости на самиот локалитет. Понатаму проектот за езерото, каде ќе се подобри туристичката инфраструктура, но работиме и на проект за означување на прилепската чаршија“, потенцираше Борче Јанкулоски, ЛЕР – Општина Прилеп.

 

За да се доближат овие установи до граѓаните, по повод денешниот Ден на музеите сите музеи во Прилеп ќе бидат отворени бесплатно денеска од 18.00 па се до утре до 06.00 часот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien