Филип и Христијан успешно ја поминаа првата етапа од Bike tour Bosphorus

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски успешно ја поминаа првата етапа од нивниот подвиг, каде што со велосипеди треба да извозат 800 километри од Прилеп до Истамбул, или како што тие го нарекоа Bike tour Bosphorus.

 

Денешната етапа им беше долга 235 километри и како што велат, иако напорна, сепак мотивот бил голем да ја поминат.

 

„Стасавме во Митроуси, село на 15 километри до Серес. За прв ден извозивме 235 километри. Супер поминавме, не беше лесно, но мотивот е голем. Денеска времето беше жешко, 27 степени, но одлично ни оди засега. Вечерва ќе преспиеме во шатор, а утре со нови сили продолжуваме“, изјавија за Инфо Компас.

 

 

Следна нивна дестинација која што ќе треба да ја совладаат е Кавала.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи