Прилепчаните Илиоски и Мојсоски стигнаа во Кавала

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски денеска успешно ја поминаа втората етапа од нивната велосипедска тура, која што ја нарекоа „Bike tour Bosphorus“ и на која планиираат да поминат над 800 км. од Прилеп за Истамбул за 5 дена. Вчера преспијаа во Митроуси, село во близина на Серес. Утре тргнуваат за Александрополис, тоа е некаде околу 50 километри пред турската граница. Четвртиот ден планираат до возат до Текирдак, некаде 150 километри пред Истамбул и петтиот ден да го поминат Босфорот.

 

„Денеска поминавме 110 км. Имавме 4 ридско планински превои, а ветерот ни дуваше во гради со околу 40 км . на час. Утре одиме за Александрополис“, изјавија кратко за Инфо Компас Илиоски и Мојсоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien