Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во Женева се подготвуваат да воведат посебни казни за оние возачи чии автомобили прават голема бучава. Тие ќе се ловат со специјални радари.

 

Градските власти имаат намера до средината на оваа година да воведат задолжително допуштено ниво на звукот на автомобилите, камионите и мотоциклите. Активистите ги повикуваат градските власти бучавата да ја ограничат на 80 децибели, односно звучност што ја произведува машината за перење алишта.

 

Бучавата е вториот најчест облик на загадување во овој швајцарски град, а градскиот советник Делфин Клофштајн од партијата на зелените смета дека радарскиот уред кој ќе регистрира преголем звук и кој ќе го сними возилото нема да биде скап.

 

„Развојот на уредот од технички причини може да потрае некое време затоа што таквиот радар ќе мора да ги разликува разните видови возила“, објаснува Делфин.

 

Досега неколку европски градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот. Повеќето од нив тоа го прават со ограничување на брзината и нанесување асфалт на улиците направени од камени плочки.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи