Прилепските пожарникари го одбележаа Денот на пожарникарството

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Прилеп, денеска го одбележа Денот на пожарникарството.

 

По тој повод Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп, предупреди на драстичниот пораст на пожари на територијата на општина Прилеп.

 

„Од почетокот на годината до денеска, на територијата на општина Прилеп регистрирани се 350 пожари. Со оглед на статистиката од минатите години, се покажува дека бројот на пожари е драстично зголемен, некаде за околу 150 отсто. Во оваа прилика сакам да упатам апел до граѓаните за нивна поголема свесност, за да не се случуваат пожари со поголеми последици, за кои причината е човечкиот фактор, односно поголемиот дел од нив се намерно подметнати“, нагласи Стојчески.

 

Од Општина Прилеп по повод Денот на пожарникарството најавија дека во постапка е набавка на ново противпожарно возило, за кое две третини од средствата ги обезбедила Општината.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien