ВМРО-ДПМНЕ : Дали „Северна“ во Статутот на Општина Прилеп ќе донесе нови фабрики, намалување на непотизмот, нови патишта, училишта, базенти ?

Предавството кое Зоран Заев и СДСМ го извршија на државно ниво, сега неговите пулени го спроведуваат и на локално ниво. Имено, на седницата на Советот на општина Прилеп, која е закажана за среда, се предлага промена на Статутот на општината, каде зборовите „Република Македонија” ќе се заменат со „Република Северна Македонија”. Ова денеска на прес конференција го истакна Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„После воведената двојазичност, ова е второ понижување на градот херој и генерации на борци кои потекнуваат од Прилеп. Сите тие се бореле за слобода и независност на една држава, а тоа е Република Македонија.

 

Никој од нив не познавал никаква Северна и не го положил животот за ваква обезличена држава и народ.

 

Илија Јованоски и Миле Талески, луѓето кои денес ја предводат општина Прилеп, добија мандат од граѓаните за ветените проекти, а не за промена на името и ставање дополнителен гнев врз граѓаните.

 

Довербата од прилепчани тие ја добија за изградба на затворен базен, за 20% пониски сметки за вода, за изградба на двете ветени обиколници, за нови градинки и училишта, за реконструкција на Старата чаршија, рекреативен центар кај вештачкото езеро, и така натаму.

 

Она што сега го спроведуваат е соучество во понижувањето на државата и граѓаните, кое никој нема да им го прости. Прилеп е град на горди луѓе и град кој секогаш знае да казни!

 

Ги прашуваме Јованоски и Талески, дали промената на името на општина Прилеп ќе придонесе за побрза гасификација на градот? Дали промената на името ќе донесе нови фабрики во индустриските зони Прилеп 1 и 2 и индустриската зона кај Алинци?

 

Дали со додавањето на „Северна” ќе се решиме од бројниот непотизам во институциите?

 

Веќе е јасно зошто овие луѓе се донесени на функција и која е нивната задача и цел. Во нивниот мандат и нивниот бележник на активности има само едно, а тоа е поништување на се’ што е македонско. За среќа, силата е во вас, граѓаните! Вие сте тие кои давате и земате и кои за овие предавства ги казнивте на претседателските избори.

 

 

Деновите на овие луѓе се избројани и заедно со вас ќе ги поразиме уште посилно!“, рече Петкоски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи