Жител на Сенокос тешко повреден кога со својот автомобил паднал во одводен канал

Жител на Сенокос, општина Долнени, бил тешко повреден вчера кога со автомобилот што го управувал излетал од патот и паднал во одводен канал.

 

МВР информира дека сообраќајката се случила на локалниот пат меѓу селата Браилово и Долнени, кај железничката станица Браилово. Автомобилот „форд галакси” без регистарски ознаки, управуван од Д.В.(45) од селото Сенокос,  изгубил контрола и паднал во одводниот канал.

 

Д.В. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп. Увид извршила екипа од ПС Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien