Проверете ја вашата годишна пријава – рокот истекува на 31.05.2019 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година.

 

Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните беше до 30.04.2019 година.

 

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, тие можат да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или коригираат се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.

 

По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

 

На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту коригирани.

 

Годишната даночна пријава која граѓаните ја коригигирале, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

 

„Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи“, велат од УЈП.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien