Србија воведе доживотна казна затвор

Пратениците во српскиот парламент ги усвоија измените во Кривичниот законик, со што се укинува казната затвор од 30 до 40 години и се воведува доживотен затвор за најсериозните кривични дела.

 

Доживотна казна е предвидена за убиства, силувања и обљуба на малолетни и беспомошни лица и бремени жени.

 

Истата казна ќе биде изречена и за сериозни дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, здружување заради извршување злосторства, геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства против цивили, воени злосторства против повредени и болни, тероризам и слично.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien