ВИДЕО – За прв пат во својата историја Прилеп доби лапидариум

За прв пат во својата историја Прилеп доби лапидариум. Лапидариумот е изложбен простор на отворено каде се поставени мермерни скулптури и други експонати изработени од камен кои во изминативе 60-тина години се пронајдени на археолошките локалитети во прилепско, како што се : Маркови Кули, Варош, Прилепец, Машучиште, Дебреште, локалитетот Соколица кај село Браилово и секако еден од најзначајните, античкиот град Стибера.

 

 

Како едни од најрепрезентативните примери се антропоморфната мермерна пластика од античкиот град Стибера, како и Прилепец и други локалитети во состав на нашата општина Прилеп. Нашите граѓани ќе имаат можност да се запознаат со симболиката на мермерот како едне траен медиум за пренесување на вести, како и да се запознаат со верувањата во задгробниот живот на нашите предци“, истакна Оливера Богатиноска, археолог кустос во Завод и музеј Прилеп.

 

Лапидариумот се наоѓа во дворот на Заводот и музеј Прилеп и ќе биде на еден начин надополнување на веќе постоечката археолошка поставка која е сместена во објектот. Тука биле изложени само половина од пронајдените експонати, другите се наоѓале во депото на музејот, а целта на археолозите била во иднина да се збогати оваа поставка.

 

Повеќе репрезентаивнии наоди се од античкиот град Стибера од типот на Голема Херкуланка, потоа од Мажучиште од типот на Мала Херкуланка, повеќе надгробни стели од локалитетот Градиште кај селото Дебреште, тука се и антропоморфните стели кои се доста интересни за истражување од локалитетот Соколица, село Браилово“, додаде Богатиноска.

 

 

 

 

 

Во лапидариумот се изложени мермерни склуптури, претстави на божества и видни граѓани, мермерни ари, релјефи, капители од столбови, жртвеници, и други разни архитектонски елементи, а исто така има и надгробни стели каде што се презентирани во релјефи покојникот, неговата фамилија и епиграфски елементи, односно натписи.

 

Мислам дека направивме убаво катче од овој простор, направивме една постојана поставка, наречена лапидариум, во која се сместени околу 100-тина експонати од мермерната пластика, пронајдени на нашите локалитети кои се простираат на терииторија на нашата општина. Сметаме дека се од голема важност и дека се многу интересни за нашите посетителии кои сме во план да го посетуваат овој лапидариум. Ние ваква поставка досега сме немале, целта е културното наследство да се доближи до нашите сограѓани и туристи“, рече Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

 

Дел од изложените експонати во Лапидариумот за прв пат се прикажуваат пред јавноста. Претходно овие предмети беа буквално расфрлани низ дворот на музејот. Сега конечно Прилеп ќе добие уште една музејска поставка и уште една туристичка атракција.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи