Мисијата исполнета – Филип и Христијан успешно ја извозија Bike tour Bosphorus!

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски успешно ја извозија и последната етапа од Bike tour Bosphorus и преминаа во азискиот дел од Истанбул преку Босфорскиот мост. Целата етапа од Прилеп до Истанбул, во должина од вкупно 850 километри, ја поминаа за 5 дена.

 

„Сонот се исполни – Bike tour Bosphorus мисијата исполнета! Успешно ја завршивме замислената тура од Прилеп до Истанбул, односно од Европа до Азија. Турата помина без никакви технички проблеми. поминавме 5 прекрасни дена за паметење. Иако не беше воопшто лесно, поминавме низ секакви временски услови, жештина, ветар во гради, од време на време навигацијата не водеше низ каллив и непрооден терен, со многу висинско искачување, вкупно 7.000 метри во тие 850 километри. Но кога ќе се сетиме дека го постигнавме нашиот сон, Bike tour Bosphorus, поминува и болката во мускулите и жештината и ветрот и калливиот пат и сите нагорнини на кои влечевме товар од околу 40 килограми. И најважно да кажам дека без поддршката пред се од нашите родители, пријатели, другари и другарки, колеги, и секако спонзорите, немаше да го постигнеме овој успех што ќе го паметиме до крајот на нашите животи“, изјавија за Инфо Компас Филип Илиоски и Христијан Мојсоски.

 

 

Им посакуваме уште многу успешно извозени тури и уште поголеми подвизи. Секоја чест.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien