Во координирана операција против продавачи на дрога ширум Европа, уапсени се 22 лица, информираше денеска Европол. Како што се наведува во соопштението, лидер на криминалниот ланец е 48 годишен Летонец уапсен во Шпанија.
Полициската акција се спроведувала во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија.
Европол наведува дека ова е најголема операција од ваков вид во која за два дена е извршен претрес на 40 домови, запленети се осум милиони евра, дијаманти, златни прачки, накит и луксузни автомобили.