Натанана Санунрат има 12 години и работи како блогерка за убавина, а првото нејзино видео кое беше објавено на „YouTube“ го сними на само 4 години.
Ја следат над 292.000 корисници на споменатата видео платформа, а нејзините видео снимки имаат скоро 11 милиони прегледи. Овие бројки се гратис влезница за малата „јутјуберка“ за некои од најпрестижните модни настани на светот, како Лондонската недела на модата во 2018 година.
На својот 12-ти роденден си се почести со ново BMW 7, вредно над 150.000 евра. Таа е премлада за да има возачка дозвола, и затоа новиот автомобил ќе го возат нејзините родители.