Шестгодишно дете од Прилеп исчезна во Тетово

Жител на Прилеп во Секторот за внатрешни работи во Тетово пријавил дека од саботата, 18 мај, е исчезнато неговото шестгодишно дете.

 

„Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, на 20 мај во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син“, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

 

Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.

 

„Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо“, информираат од СВР Тетово.

 

Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи