ВИДЕО – Еурокомпозитовци : Заев вети дека со буџетски средства од 3 милиони евра ќе го реши проблемот, но не го исполни тоа

Поранешните вработени во Еурокомпозит со нови протести пред зградата на Општина Прилеп. Повторно обвинија дека власта 2 години ги лажела дека ќе го реши нивниот проблем за неисплатените 18 плати, придонесите кои не им се платени од 2012 година и неисплатената отпремнина. Го потсетија премиерот Заев кој вети дека ако до февруари не се најде инвеститор ќе се донесел специјален закон за „Еурокомпозит“ и со буџетски средства во висина од 3 милиони евра ќе се решел еднаш засекогаш овој проблем. Но и тоа не се реализирало.

 

 

„Упатуваме и барање и до градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски, да закажи средба со релевантните фактории во нашата држава Премиерот, Вицепремиерот, пратениците од Прилеп и од власта и од опозицијата, министерот Горан Сугарески како и претставници од гранскиот синдикат и да се изнајде решение“, изјави Пеце Вељаноски, член на иницијативниот одбор.

 

Револтирани на своите колеги кои, како што рекоа, не доаѓале на протестите, а очекувале решение и пари, истакнаа дека сега ќе бараат селективно исплаќање на побарувањата. Се сомневаат дека дел од поранешните вработени трпат и закани да не излегуваат на протести.

 

„Да бараме селективно решение на проблемот за овие 50-тина души што сме тука, по се изгледа на останатите 100 не им се потребни ниту материјални средства, ниту сакаат придонесите да им бидат платени“, кажа Цветан Бунтески, член на иницијативниот одбор.

 

Еурокомпозитовци најавија дека од понеделник повторно заминуваат со шатори на протести пред Влада во Скопје.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien