Двајца повредени, а возилата превртени во сообраќајна несреќа на Плетвар

Две лица се повредени при сообраќајната несреќа што се случи претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар.

 

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу камион и комбе.

 

Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

 

Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9:50 часот, повредените не се во животна опасност.

 

Увид направи екипа од Полициската станица во Прилеп.

 

„Алсат“ објави видео од сообраќајката.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien