ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Јанески за само 3 месеци потрошил 425.000 ден.за репрезентација и 1.590.000 ден. за нотарскии и адвокатски услуги

На валканото расипништво и расфрлање со народни пари им нема крај. Најновиот скандал доаѓа од Водовод и канализација Прилеп, каде најдобро може да се види вистинското лице на луѓето од власта. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Последниот тримесечен извештај за работењето на ова претпријатие, покажува какои директорот Емил Јанески се расфрлал со парите платени од граѓаните и трошел стотици илјади денари на банални работи.

 

Извештајот покажува дека Јанески за само три месеци потпишал трошоци во висина од 425.000 денари на име за репрезентација, или по околу 100 евра секој ден.

 

Јанески не одморал ниту во сабота и недела, ниту за празник, туку уживал во благодетите кои ги пружа директорската фотеља во Водовод и канализација.

Прашуваме…

 

Дали додека народот гладува, директорот на ова јавно претпријатие секојдневно трошел по 100 евра на кафеани, ручеци и дружби?

 

Чувствува ли Јанески срам од оваа астрономска сума која ја потрошил за само три месеци, додека граѓаните се принудени да плаќаат за 60% повисоки сметки за вода?

 

За жал, расипништвото не престанува тука. Освен за репрезентација, директорот трошел огромни суми и за адвокатски и нотарски услуги. Според  извештајот, на име адвокатски услуги Јанески потрошил речиси 340.000 денари, а за нотарски услуги енормни 1.250.000 денари, и сето тоа повторно за само три месеци.

 

Капак на се, претпријатието и директорот Емил Јанески, повикувајќи се на непостоечка одлука на Советото на Општина Прилеп, ги известуваат граѓаните дека доколку не биле во можност да ги прочитаат водомерите, ќе им фактурирале паушален износ од 10 метри кубни вода по член на семејство.

 

Тоа би значело дека, доколку едно семејство кое брои 4 члена не е дома, а инкасаторот не е во можност да го прочита водомерот, на тоа семејство ќе му бидат фактурирани 40 метри кубни потрошена вода во месецот.

 

Почитувани сограѓани, вие сте тие кои треба да ги знаете овие луѓе, кои на ваша сметка живеат со брзо темпо без око да им трепне. Вие сте тие кои се измамени и кои наместо да добијат за 20% пониски сметски за вода, бевте силно удрени по семејниот буџет со поскапување од 60%.

 

Редно е најавената метла на Зоран Заев конечно да заигра и да ги замете овие расипници во јавните претпријатија, поставени од Илија Јованоски и Миле Талески.

 

ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи скандалите на луѓето од власта и постојано ќе ја информира јавноста, се со цел граѓаните да ја знаат вистината и да видат за какви луѓе станува збор!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи