Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески физички нападнал колега

Инцидент меѓу двајца стоматолози се случил вчера на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп. 61-годишниот стоматолог, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.

 

Ристески e дипломиран стоматолог, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија.

 

Бисеркоски подоцна го пријавил настанот во полиција.

 

„На 22 мај во Полициската станица Прилеп, Б.Б.(61) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 20.45 часот на улица „Јоска Јорданоски“ во Прилеп бил физички нападнат од лицето П.Р. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од СВР Битола.

 

Тој објави и статус на својот фејсбук профил, поврзан со настанот.

 

„Сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму“, напиша Бисеркоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи