ВИДЕО – Фонтаните во Прилеп вистинско ругло, градоначалникот ветува нивно брзо средување и пуштање

Фонтаните во Прилеп се вистинско ругло. Изваклани, полни со ѓубре, покриени со некакви полуискинати церади. Иако сме скоро веќе јуни, нејасно е зошто тие не се исчистат и не започнат со работа. Особено грда слика претставува најголемата и најубата фонтана која се наоѓа во паркот наспроти „Комерцијална банка“ во центарот на градот.

 

 

Не работи ниту скокачката фонтана на Арт плоштадот кај домот за култура „Марко Цепенков“, а во иста состојба се и фонтаните и езерцата кај „Димо Наредникот“, „Могила“ и другите паркови каде ги има.

 

Градоначалникот денеска изјави дека тие ќе започнеле наскоро со работа.

 

„Кажано му е на ЈКП „Водовод и Канализација“ со подобрувањето на временските услови, а еве тие се подобрени, да се отворат сите фонтани и да започнат со работа како и секоја година. Јас мислам дека е и започната работата на одреден број фонтани. Така што јас се надевам дека во најбрз можен рок ќе се воспостави нивната фукција“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Граѓаните велат дека фонтаните треба да се средат во најбрз можен рок затоа што моменталната состојба претставува навистина грда слика за градот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien