Изложба на фотографии и фото сафари на „Денови на Македонска фотографија 2019“ во Прилеп

На 01.06.2019 година во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи 57-мата по ред државна изложба „Денови на Македонска фотографија 2019“. Организатори се Фото сојуз на Македонија и Фото кино клубот Прилеп. На оваа изложба ќе бидат престравени 122 фотографии на најрелевантните македонски фотографи и ќе бидат доделени награди на најдобрите.

 

Настанот започнува во 17 часот во градска библиотека „Борка Талески“, каде ќе има проекции на неколку македонски автори, а потоа се продолжува со изложбата на фотографии во 19.00 часот.

 

Другиот ден на 02.06.2019 ќе има организирано фото сафари низ град Прилеп и село Штавица на кој ќе присуствуваат најдобрите македонски автори со што ќе се придонесе за поголема афирмација на општина Прилеп.

 

Настанот е бесплатен и од отворен карактер. Можат да присуствуваат сите љубители на фотографијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien