ВИДЕО – 35-ти Мариовско-Мегленски средби – Мегленци повторно не дојдоа, Мариово полека, но сигурно умира

По 35-ти пат во манастирот Свети Илија во Мариово се слушна грмотот на тапанот, писокот на гајдата и кавалот на традиционалните Мариовско-Мегленски средби. Но за жал како и повеќе години наназад Македонците од Меглен, соседна Грција не дојдоа. Дел поради тоа што врските со годините се изгубиле, дел се плашат да не си прават проблеми дома и затоа недоѓаат во Македонија.

 

 

Ова е единствена манифестација од ваков тип која ги собира Мариовците од каде и да се, но за жал нивниот борј секоја година е се помал.

 

Овде се спремало за овој ден и за Свети Илија за 10.000 луѓе ручек. А сега каде е ? Го нема“, се потсетува Мате Маркоски, поранешен жител на Мариово.

 

„Никогаш нема да се врати Мариово како што било во времето, Мариово во времето имало стока колку сега цела Македонија“, додаде Стеван Петрески, поранешен жител на Мариово.

 

 

 

Во Мариово за жал нема ниту едно дете кое постојано живее таму. Освен неколку кои се враќаат таму за викенд. Ваквите слики на оро со деца се само потсетник дека некогаш и тука имало живот.

 

„Цело Мариово тотално се испусти. Ништо нема. Жиивотот во Мариово понатаму не може да биди и не може да постои“, истакна Димитрија Маркоски, поранешен жител на Мариово.

 

Според некои жители на Мариово животот тука можел да се врати единствено со развој на економијата.

 

„Богатството со природна вода која доаѓа од планините, потоа јагленот кој го има токму тука на ова место каде што стоиме и она што најмногу може да го оживее Мариово и да стане Калиифорнија е изградбата на хидроцентралата Чебрен“, вели Стојан Ѓуровски, организатор на манифестацијата.

 

 

 

Дека изградбата на Чебрен може да го врати животот тука е и општината, но за жал сите Влади со години ја ветувата нејзиината изградба, но никој не направил ништо.

 

„9-ти пати беше поништуван тендерот за хидроцентралата Чебрен, од кои причини незнам. Мислам дека и сегашнава Влада има некоја стратегија. Ако само тоа се направи во идниве неколку години ќе биде благодет за државава“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Но со овој тек на работите се поочигледно е комплетното изумирање на Мариово. Мариово е најненаселената област во Европа, тука на огромна територија живеат постојано само нешто повеќе од 150 жители. Мариовции велат дека доколку државата не превземе под итно некои мерки за 5 до 10 години овој крај ќе стане најубата пустелија во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи