Обука за градење на капацитетите на спасувачката служба и подобро обезбедување на настаните

Во рамки на Проект за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ на 25-ти и 26-ти мај 2019 во Крушево се одржа обука за напредна прва помош со што се исполни една од целите на проектот, а тоа е градење на капацитетите на спасувачката служба на параглајдинг натпреварите.

 

На обуката учествуваа и се лиценцираа 13 луѓе, а таа беше спроведена од организацијата на Црвениот крст.

 

Оваа обука е дел од Проект за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка, а имплементиран од Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашање во владата на Република Северна Македонија, канцеларијата на Проектот во Скопје и општина Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien