Антикорупциска со иницијатива за кривична пријава за градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски

Антикорупциска досега разгледала околу 300 предмети. Од таму истакнаа дека покрај прекршочните пријави, работат и на две иницијативи за кривична одговорност. Едната од нив е за екс претседателот на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски по наводите за вработувањето на неговиот внук Јордан Тасевски во судот, а другата за прилепскиот градоначалник Илија Јовановски, за вработување на негова роднина.

 

На денешната експертска дебата посветена на улогата на новоизбраната ДКСК, универзиитетскиот професор Никола Тупанчевски посочи дека после СЈО, Антикорупциска дала нова надеж во борбата со корупцијата, но упати критика за преговорите околу новиот закон за ЈО со кој се регулира и статусот на СЈО, порачувајќи дека се еклатантен пример за тоа како не треба да течат реформите во правосудството.

 

На последната седница антикорупционерите најавија дека ќе испитуваат и како се трошат народните пари во државните и јавните институции, а во фокусот ќе бидат пратениците и користењето на патни трошоци.

 

Антикорупциска, на експертскиот состанок на тема „Улогата на ДСКС“ најави дека во иднина дел од седниците нема да се јавни. На тој начин ќе се криел идентитетот на подносителите на претставки.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien