Отворен првиот центар за лица со Даунов синдром во Македонија

Прв Дневен центар за Даунов сидром во земјава беше отворен денеска во Скопје. Тој ќе работи од 8 до 20 часот и дневно ќе може да пружи услуги за триесеттина деца со Даунов синдром.

 

Тие во центарот ќе може да се социјализираат, да се рехабилитираат, но и да се вклучуваат во креативни активности, а со нив ќе работи обучен тим од Центарот но и од Здружението на родители на деца со Даунов синдром.

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека Центарот е резулат на соработка на повеќе засегнати страни, и како што рече, тој покажува дека може да се добијат стандарди и квалитетни услуги и сите да бидат задоволни.

 

„Со социјалната реформа ги унапредуваме правата на лицта со попречености. Освен што зголемивме дел од надоместоците работиме и на развој на услуги на локално ниво како што се дневните центри и персоналните асистенти. Овие центри значат многу во локалната заедница, а наша крајна цел е да овозможиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите. Во сите наши активности целосно ја следиме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, особено нејзините одредби за независен живот и независно одлучување кои се основата на развојот на сите нови индивидуални услуги коишто во минатото не постоеле“, изјави Царовска.

 

Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa. Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien