Професори од двата универзитети во Тетово барале сексуални услуги од студентите

Петнаесет од 334 студенти кои биле анонимно анкетирани навеле дека им биле побарани сексуални услуги во замена за оцени од професори на двата Универзитети во Тетово, покажало истражување на Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

 

Истражувањето, во рамки на проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, утврдило дека сексуалните услуги најчесто биле барани од студентките. Рита Бехадини, од Феминистичкиот клуб, посочува дека им се познати имињата на професорите обвинети за оваа злоупотреба.

 

“Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Бехадини.

 

На прашањето „дали лично сте се соочиле со дискриминација“ со „Да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори.

 

Во рамки на проектот ќе има и изложба на фотографии на која е прикажана дикриминацијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien