Во јуни не очекува третото издание на аутдор фестивалот When In Krushevo

Од 21 до 23 јуни ќе се одржи третото издание на еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево, When In Krushevo, при што ќе може да се искуси секоја природна убавина што овој град ја нуди.

 

Учесниците ќе може да земат учество во бројните активности кои се вкоренија во локалната култура на овој град, тргнувајќи од планинарење, планински велосипедизам, па се до параглајдинг.

 

Настанот ќе се одржи на Крушевското Езеро, кое ќе биде камп за одржување на многубројните планирани активности.

 

Програмата за настанот е подготвена и еве што не очекува оваа година на фестивалот:

 

21 Јуни 2019, петок

 

16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Параглајдинг инфо центар Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите. 
21:00 официјално отворање
22:30 Invictus

00:30 NATTY FIYAH SS

– DJ Бапчу

 

22 Јуни 2019, сабота

 

08:00-09:00 почеток на турите за планински велосипедизам и планинарење,
– долга тура за планински велосипедизам 40км,
– кратка тура за планински велосипедизам 20км,
– долга планинарска тура 20км,
– кратка планинарска тура 10км,
Патеките за велосипедските тури ќе бидат облежани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.
15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници во Adventure park and restaurant Бегова Корија
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
13-19:00 пинг понг, јога, јавање, kids korner и други активности
22:30 Тhe Hounds
00:30 
TODOROFF

 

23 Јуни 2019, недела 

 

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи