ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Јованоски да си поднесе оставка – тој е класичен пример за непотизмот кој владее во СДСМ

Oна што го зборувавме во изминатиот период, а се однесуваше на масовниот непотизам во јавните и државните институции во Прилеп, се покажа дека е вистина. Во текот на вчерашниот ден во јавноста одекна информацијата дека Државната антикорупциска комисија поднела иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот Илија Јованоски, за вработувањето на неговата внука во општина Прилеп, истакнаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Повеќе пати посочувавме дека токму Јованоски е класичен пример за непотизмот кој владее во СДСМ, а сега граѓаните се сведоци на тоа.

 

Меѓутоа, ова е само капка во морето од непотизам на градоначалникот кој своите роднини ги вработува каде ќе стигне.

 

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да ги испита и вработувањата на Игор Спиркоски, внук на Јованоски, кој беше поставен за директор на новоформираното претпријатие за гасификација и Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот, кој е поставен за директор на Регионалната Стопанска комора во Прилеп.

 

Сакаме да го прашаме Јованоски, дали после еден ваков скандал смета дека сеуште е достоен да стои на чело на општина Прилеп?

 

Ќе имате ли доблест градоначалник да поднесете оставка од морални причини и барем така да го покриете вашиот срам?

 

Како очекувате граѓаните да веруваат во вашите ветувања, кога животот кој го ветивте важи само за вашите роднини и партиски послушници?

 

Почитувани,

 

Ова е вистинското лице на овие луѓе! Овие луѓе од првиот ден власта ја користат само за нивните и потебите на нивните најблиски.

 

На Јованоски, СДСМ и Владата од Зоран Заев не им е важно како вие живеете, како го поминувате секојдневието и со какви проблеми се соочувате.

 

За нив е важно под државна капа да вдомат се што можат и да уживаат во кожените фотељи цели 4 години“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи