ВИДЕО – Во Прилеп завршува пролетната дератизација и ларвицидната дезинсекција

Центарот за Јавно здравје од Прилеп веќе е при крај со пролетната дератизација која се врши во периодот мај-јуни, а во периодот септември-октомври треба да се изврши есенската фаза на дератизацијата. Согласно Законот за здравствена заштита Советот на Општина Прилеп носел програма врз основа на која Општината треба да изврши превентивна дератизација и дезинсекција. Досега биле поставени мамци за глодарите во 3.750 шахти. Финансиите ги обезбедувала Општина Прилеп, а годинава тие изнесувале 1.250.000 денари, а техничката и стручната помош е на Центарот за јавно здравје Прилеп.

 

 

„Се поставуваат родентицидни мамци по должината на целиот канализиационен систем на територија на  град Прилеп или вкупно се третираат 3.750 шахти. Зошто имаме пролетна и есенска дератизација. Бидејќи во мај сите глодари излегуваат од канализациониот систем затоа што завршува фазата на хибернација и активно тргнуваат во потрага по храна. И нормално со топењето на снеговите нивото на водата во канализацијата ги тера да излезат надвор. А додека во текот на септември и октомври се подготвуваат за зимскиот перииод и повторно се активни во потрага по храна. Третиран е канализациониот систем низ цел град со посебен акцент на објектите од јавен иинтерес, како болницата, здравствениот дом, училиштата, градинките и сите диви депонии на територија на град Прилеп“, истакна Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

 

Освен дератизација при крај било и завршувањето на ларвицидната дезинсекција против комарци во Прилеп и неговата околина. Од Центарот за јавно здравје соопштија дека бил набавен нов апарат за т.н. ладно замрзнување кој можел да се употребува и на доста непристапни места.

 

„Инаку ваква ларвицидна дезинфекција се врши по течението на градска река, вештачкото езеро, Оревоец, Ленишки мост, Дабнички завој, Маркова чешма, сите бари ии сите застоени стоечки води. Затоа што точно на ларвата од комарецот од женката која ги полага јајцата и е потребна  ваква температура за да можи да се изврши оној процес од ларва до возрасна единка. Точно го фаќаме тој период и од мај до октомври имаме 6 последователни циклуси. Започнуваме со ларвицидна дезинсекција, потоа следува адултна“, додаде Николоска.

 

Освен ларвицидната дезинсекција Центарот за јавно здравје спроведува и адулцитивна дезинсексија односно за оние возрасни единки на комарците. Меѓутоа адулцитивната дезинсекција била понеефикасна и поспецифична за изведување. Кога ќе била оваа дезинсекција се испраќало и соопштение до сите пчелари за да ги заштитат пчелите.

 

„Со оваа адултицидна дезинфекција се опфаќаат сите зелени површини, трвните површини, грмушките и сите дрва коии што се со висина од 3 метри. Ако Прилеп се простира на површина од 1.000 хектари, 800 хектарии ги третираме со оваа дезинсекција“, рече Николоска.

 

Со адултицидната дезинсекција ќе се започнело за околу 20-тина денови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи