Попладнево во Прилеп се одржа 60-тата по ред роденденска „Критична маса“. Петта година по ред „Критичната маса“ започна од плоштадот „Александрија“ и околу 100-тина велосипедисти возеа низ улиците во Прилеп.
„Која ја создадовме „Критична маса“ нашата цел беше граѓаните да разберат дека покрај автомобилите постојат и други учесници во сообраќајот. Дека има и пешаци и велосипедисти. Целта беше возачите да започнат да ги почитуваат и нивните права. Се надеваме дека за ова време е зголемена свеста не само кај возачите, туку и кај пешаците и кај велосипедистите дека сите сме заедно тука, никој не го поседува просторот и така треба да функционираме“, истакна Тодорка Наумоска Димески, организатор на настанот.
Организаторите велат дека дел од целите секако се исполнети, но она што недостасувало било тоа што се уште не е направена потребната велосипедска инфраструктура.
„На почетокот бројот на велосипедисти кои учествуваа беше мал, луѓето кои не сретнуваа сеуште не знаеа за што станува збор. Денес кога се појавуваме речиси на сите им е јасно дека тоа е „Критична маса“. Скоро и да нема негативни реакции од учесниците во сообраќајот, што порано на самиот почеток беше навистина проблем, а сега дури и добиваме нивна поддршка во текот на возењето. Велосипедот сега има завземено повисоко место во сообраќајот. Целта 100% не е исполнета бидејќи треба да се подобрат многу работи во поглед на инфраструктура, движењето на велосипедите во Прилеп, паркирани автомобили, неозначени велосипедски патеки, недоволно одржувани, патеки каде е поставена урбана опрема од типот на котејнери и слично. Тие проблеми сеуште се застапени и мора да се работи во иднина на нивно решавање“, кажа Борче Колароски, организатор на настанот.
60-тата „Критична маса“ завршии со забава на „The Hounds“ и „Cyrillic“ во Take Five.