Првата „Стрејт парада“ во светот ќе се одржи во Бостон

Американците во август ќе ја добијат првата „Стрејт парада“, парада на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон, кој важи за еден од најбезбедните градови за ЛГБТ популацијата, успешно се избори за одржување на тој настан.

 

Организаторот на настанот, Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници“ и дал дозвола за одржување на парадата.

 

„За нив сѐ се врти околу идентитетот, и дали некој е жртва или угнетувач. Доколку имате статус на жртва, тогаш имате право да се славите себеси и да очекувате оние на угнетувачката страна да ги прифатат вашите чувства“, наведе Сахиди.

 

Стрејт парадата во Бостон е планирана за 31 август годинава. На овој настан, порачуваат организаторите, ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол.

 

„Сакаме толеранција и бараме толеранција за сите, не само за геј популацијата“, изјави Џон Уго, еден од организаторите.

 

Организаторите на Стрејт парадата дизајнираа свое знаме и го означија Бред Пит за своја маскота.

 

Бостон долго време беше засолниште за ЛГБТ популацијата. Државата Масачусетс, во која се наоѓа Бостон, е првата држава која ги легализираше истополовите бракови во 2004 година, а во Бостон беше склучен и првиот истополов брак во САД.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.