Професионален боксерски спектакл во Прилеп на 22 јуни

На 22 јуни во Прилеп во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

 

Ице Трајкоски  е нашиот боксер на овој настан во Прилеп. Трајкоски има скор 1-1-0 и ќе се бори со боксер од Бугарија.

 

„По долга пауза ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп. Ќе има боксери од Македонија, Албанија и Бугарија. Подетални информации ќе има во текот на оваа недела“,вели промоторот Дарко Чатлески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien