Јанева: Не можам да гарантирам дека бомбите на „Ел Чека“ не се од СЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева не е сигурна дали бомбите кои „Ел Чека“ ги објавува деновиве на Фејсбук се дел од материјалите кои ги поседува и СЈО. Таа денес изјави дека моментално СЈО ги анализирало бомбите кои ги објавува кичевчанецот.

 

„Тоа го анализираат информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така да се уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние. Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се истражува“, изјави Јанева.

 

Од пред една недела, извесен „Ел Чека“ секојдневно објавува бомби поврзани со највисокото раководство на ДУИ. Кичевчанецот, кој живее во САД, изјави дека снимените материјали ги добил од обвинетите за тероризам за кумановското Диво Насеље.

 

Тоа го наметнува прашањато кој се има копии од нелегално прислушуваните материјали, за кои досега и Јанева и премиерот Зоран Заев тврдеа дека сите бомби што ги имала тогашната опозиција се во депото на СЈО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien