Поранешните вработени во „Еурокомпозит“ остануваат пред Влада, нема решение по средбата со Анѓушев

Нема напредок во преговорите помеѓу поранешните вработени во „Еурокомпозит“ и Владата. Според вработените на дeнешната средба со вицепремиерот Анѓушев им биле повторени истите ставови дека нема пари да се подмират сите нивни побарувања.

 

„На денешната средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев не постигнавме никаков договор. Тој ни повтори дека потенцијалниот инвеститор, за кој не сака да открие кој е, нудел само 1.5 милиони евра. Од нив околу 400.000 евра се потребни за долгови на „Еурокомпозит“ кон банките, а со останатите 1,1 милион евра ни рече како сакате делетеги. Тие пари не се доволни за сите наши побарувања и ние остануваме и понатаму во Скопје на протести пред Влада. Бареме итна средба со премиерот Заев и конечно да ни каже дали има намера да се реши нашиот проблем“, истакна Пеце Вељаноски, член на иницијативниот одбор.

 

Поранешните вработени во „Еурокомпозит“ немаат земено 18 плати, придонесите не им се платени од 2012 година, а од 90.000 денари отпремнина имаат земено само по 30.000 денари. Велат дека си ги бараат сите заостанати побарувања и не отстапуваат од тоа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien