Заев: Не бараме членство, туку датум за почеток на преговори

Facebook
Twitter
Email
Print

На заедничката прес конференција со чешкиот премиер, Андреј Бабиш, одржана во владата на Северна Македонија, македонскиот премиер изрази благодарност за поддршката која земјава ја добива од Чешка при евроинтеграциските процеси.

 

Зоран Заев притоа истакна дека нашата земја не бара веднаш да стане членка на Европската унија, туку бара да продолжи мотивацијата од ЕУ, преку овозможување на почеток на пристапните преговори.

 

„ЕК во извештајот за напредокот на државата даде кристално чиста препорака за почеток на преговорите. Без скромност ќе ја споменам оценката дека нашата земја е блескав пример за регионот и за Европа. Сработивме сто отсто, ги исполнивме критериумите, заедно со нашите пријатели Република Бугарија и Република Грција ги надминавме стереотипите за решавање на чувствителни билатерални прашања, внесовме прогресивни примери за возможното“, рече Заев.

 

Доделувањето на датум за Северна Македонија, според Заев ќе значи не само почитување на индивидуалните заслуги, туку и продолжување напред кон европските вредности, а не враќање назад кон популизам и национализам.

 

„Тоа ќе ги охрабри и другите лидери во регионот да ги затворат отворените прашања, ќе овозможи фокус да ставиме на економијата, инвестициските перспективи, на шансите за младите и сето тоа ќе значи и почеток на една поширока стабилизација, на која со децении чекаат Европа и светот“, рече Заев

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи