Со срце за малиот Дејан ♥. Драги луѓе, повторно сме потребни сите, овој пат за да го промениме аутистичниот свет на нашиот премлад сограѓанин Дејан со помош на матични клетки во Турција.
Со таа цел Прилепските и Битолските артисти се одлучија да организираат голем хуманитарен концерт со што би помогнале на ова дете.
Клучен играч во целава приказна е Onyx Café & Bar, кој не само што ќе го отстапи просторот туку и ќе го донира целиот промет (читај: промет, а не профит) за време на концертот, за што сакаме јавно да им се заблагодариме.
Исто, голема благодарност до Прилепската Општина за отстапувањето на јавниот простор како и донацијата на голема бина каква што е потребна за концерт со толку изведувачи.
Сега за сега настапуваат: The Hounds(Pp), Cyrillic(Pp), Dj Acika(Bt), Dj Neox(Bt), Dj Sajo(Pp), Dj Dejan Pete(Pp), Dj Jove(Pp), Dj Ricardo(Bt), Dj Mario Eddie(Pp), Robbie Ray Led Robot(Pp) & Room 313(Pp)
Листата не е конечна, и секој може да се вклучи. Било да е изведувач или друг вид на логистика.
Веруваме во нашиот град. Ајде Прилеп – За Дејан ♥.
Повеќе инфо на :
https://www.facebook.com/events/363203644551373/