Професионален боксерски спектакл во Прилеп – Ице Трајкоски vs Енсар Осман

На 22.06.2019 година во 19:30 часот на Градскиот базен „Маркови Кули“ во Прилеп ќе се организира професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

 

Од Македонија во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0 против боксерот Енсар Осман од Бугарија.

 

„После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија,девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг , мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот Оникс. Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби, сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа. Публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина. Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи доколку имаме временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот „Маркови Кули“ – Прилеп“, вели Дарко Чатлески од Боксерскиот клуб АС од Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.