ВИДЕО – Конаците на Трескавец се планира да бидат готови за Мала Богородица, но бидејќи нема вода тие неможе да се пуштат во употреба

При крај е обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп. Според сегашната динамика на работа се очекува тие да бидат готови до 21 септември или празникот Мала Богородица, која е и слава на манастирот. Но за жал сеуште нема ништо конкретно околу изградата на водоводот. Доколку не се донесе вода манастирот нема да може да прима посетители, ниту да се направи технички прием.

 

 

„За да биде се готово мора да биде завршен и проектот за водоснабдување на манастирот бидејќи без тој проект неможеме ниту да ги пуштиме во употреба конаците. Се надеваме дека од идното лето ќе имаме можност да ги поканиме луѓето и на преноќевање“, истакна отец Калист, монах кој живее на Трескавец.

 

„Манастирот сега ќе биде заштитен со хидрантска мрежа, за која е потребна оваа вода за која разговараме, а ќе има и систем за гас. Сега привршуваме полека со столарските работи, ентерииерот, кои се уметнички и бараат повеќе време“, рече Никола Ѓулизибариќ, раководител на проектот.

 

Од Општината велат дека конкурирале со проект за водовод до Владата кој би чинел 6 милиони денари, но не знаат дали тој ќе биде прифатен. Исто така освен водоводот проблем е и изградбата на пречистителната станица.

 

„Во проектот е предвидена пречистителна станица за само 5 луѓе. Сега ние правиме напори со Министерството за култура да се изработи проект според сите стандарди кои би ги задоволиле потребите на посетителите или да се изработи пречиистителна страница за околу 100 луѓе“, рече Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Голем проблем исто така преставува и конзервацијата и реставрацијата на црквата која потекнува од 12 век. Нејзината заштита се најавува со години, но засега ништо од тоа. 800 години старото и непроценливо богатсво се распаѓа пред нашите очи. Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека идната година ќе се започнело со конзервацијата.

 

„Формирани се тимови и стручни лица кои во моментов работат и како резултат на тие истражувачки работи ќе бидат изготвени проекти за да од наредната година ние започнеме со конзервација на црквата и пропратните објекти“, додаде Атанасоски.

 

Манастирот го посети и заменик министерот за култура Владимир Лазовски кој не сакаше да даде изјава за медиумите околу проблемите и проектите за Трескавец.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи