Прилепчанец осомничен дека продавал метамфетамин

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Т. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

 

На 20.09.2018 година во Струмица полициски службеници извршиле преглед над И.С.(38), при што пронашле и одзеле метамфетамин, кој претходно го набавил од пријавениот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.